Марио Балотели е нов фудбалер на Адана Демирспор
Официјално, денеска турскиот фудбалски клуб Адана Демирспор ја информираше јавноста дека нов член на екипата е 33-годишниот напаѓач Марио Балотели.
Препорачано
Турцијте објавија дека со Италијанецот е постигнат договор „1+1“ (до јуни 2024 со можност за продолжување на уште една година).
Тој веќе играше за Адана Демирспор во сезоните 2021-22 и 2022-23, особено се истакна во првата сезона со 18 голови во 31 настап.
Последен клуб на Балотели беше Сион од Швајцарија во чиј дрес запиша 18 настапи и шест голови. Најголемите успеси ги имаше со милански Интер со кој трипати беше шампион во Серија А, а по еднаш ги освои и Купот и Суперкупот на Италија, и Лигата на шампионите во сезоната 2009-10.
Со Манчестер сити во 2012 година успеа да дојде до титулата во Премиер лигата, а со „граѓаните“ дојде и до пехарот во ФА купот.
Потсетување дека играч на Адана Демирспор е и македонскиот репрезентативец Јован Манев кој сезонава ќе ја помине како позајмица во хрватскиот Осиек.
? Kulübümüz, Mario Balotelli ile 1+1 yıllık anlaşmaya varmıştır. pic.twitter.com/VqRen0wR6y
— Yukatel Adana Demirspor (@AdsKulubu) September 15, 2023


