Маричиќ: На изборите ќе има една дилема – дали повторно ќе преговараме со Бугарија или ќе влеземе во ЕУ

Само ако не ги изгубиме наредните четири години, достижна ќе биде целта до 202 година да ги заклучиме преговорите со ЕУ – дециден е првиот вицепремиер Бојан Маричиќ.

„Доколку не се трудиме да ги вратиме работите назад, да преговараме повторно со Бугарија, туку да се фокусираме на преговори со ЕУ, таа цел е реална. Граѓаните ќе имаат една едноставна дилема, дали сакаме во наредните 4 години да преговараме повторно со Бугарија, или сакаме да продолжиме да преговараме со ЕУ. Ние нудиме да продолжиме да преговараме со ЕУ. Ги направивме сите предуслови за почеток на преговорите, во еден тежок процес дојдовме до компромисот со Бугарија, имаме усвоена преговарачка рамка која ги заштитува нашите национални интереси, македонскиот јазик, неговиот статус и единствен услов за продолжување на преговорите уставните измени, а сите други прашања ги тргнавме надвор од преговарачката рамка и надвор од преговарачкиот процес, ставајќи ги на билатерално поле каде што треба да ги решаваме со Бугарија“, рече Маричиќ во Топ Тема на Телма.

Доколку успешно оценетиот скрининг и двата извештаи за првиот и вториот кластер, продолжи Маричиќ, она што следува е комплетирање на преговарачките групи по изборите.

„Планот за раст веќе го спроведуваме или работиме на негово спроведување, и се е тоа достижно во 4 години да се заклучат преговорите до 2028, ако ги искористиме сите капацитети“, вели Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот