1 C
Скопје

Маричиќ: Секоја мерка за одговорност на судија што е согласно законот е за поздравување

Министерот за правда, Бојан Маричиќ изрази поддршка за одлуките на Судскиот совет, кои се во насока на утврдување на професионалното и совесно работење на судиите, откако претходно во денот стана јасно дека работата на поранешната в.д. претседателка на Кривичниот суд, Татјана Михајлова била предмет на анализа пред членовите на Советот.

-Секоја мерка на Судскиот совет за зајакнување на одговорноста во судството согласно законите и прописите е за поздравување, кусо ја искоментира министерот за правда, Бојан Маричиќ за „Слободен печат“ најновата одлука за разрешување на судијката поради нестручно работење.

Официјално од Советот не го соопштија името на судијката, но потврдија дека одлуката ја донеле поради утврдени злоупотреби на АКМИС-от, односно системот за распределба на предмети.

Прочитајте и...  Текстилниот сектор на удар од пандемијата: Фрчат откази, откако ќе завршат договорите на определено време

Првиот човек на Здружението на судии, Џемаили Саити, пак, кој воедно е и судија во Врховниот суд, вели дека не знае дали во Судскиот совет се одлучувало врз основа на поднесена претставка или како дел од новата методологија за прочистување во правосудството.

-Здружението на судии неколку пати се произнесе и порача дека доколку има сомнеж за несовесно работење, проверките да се извршуваат преку Судскиот совет и Државната комисија за спречување корупција, изјави Саити за СП.

Одлуката за разрешување се уште не е правосилна и треба да се објави во Службен весник, а судијката Михајлова има право на жалба пред Врховниот суд.

Михајлова е позната како судијка која забрани „бомбите“ да се користат како докази во постапките на СЈО, а беше главна судијка во „Шамарите во Центар“. Таа му пресуди и на новинарот Томислав Кежаровски кој беше обвинет во предметот наречен „Ликвидација“.

Разрешена е судијката Татјана Михајлова

Поврзани вести

Шокантно сведоштво: Косовската полиција трага по доктор осуден на 6,6 години затвор за сексуално злоставување на 15-годишното девојче

Илинка Иљоска

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА I Ловџика на трофеи ја згрози јавноста: На денот на заљубените позираше со убиена жирафа

И.И.

Професорката Беса Арифи: Важен ден, бидејќи моќен човек како Мијалков заврши со сериозна затворска казна

Слободен печат

Летните тераси повеќе нема да го окупираат јавниот простор

Слободен печат

Дијаспората на БиХ во САД не го сака Германецот Кристијан Шмид за нов Висок претставник во нивната земја

Слободен печат

Русија почна со производство на „Спутник V“ во спреј

Слободен печат

Остави Коментар