Маргот Роби пиела алкохол пред да снима жешки сцени со Дикаприо

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Маргот Роби откри колку била нервозна додека снимала жешка сцена со Леонардо Дикаприо во „Волкот од Волстрит“. Австралиската актерка го привлече вниманието на светската јавност глумејќи ја сопругата на Џордан Белфорт, Наоми, во филмот на Мартин Скорсезе од 2013 година.

Маргот, која многумина ја нарекуваат најубава жена на светот, имала голема трема пред снимање на интимна сцена со познатиот холивудски актер, и за дополнително да се охрабри, испила неколку текили, пишува „Daily Mail“.

„Нема да ве лажам, испив неколку чашки текила пред да ја снимам таа сцена на подот. Бев многу, многу нервозна“ – истакнала Роби во разговорот за „BAFTA: A Life In Pictures“, нагласувајќи дека можеби само изгледала самоуверено, но воопшто не било така.

Роби за време на снимањето имала само 22 години, а нејзиниот партнер Дикаприо бил 15 години постар. Станува збор за сцена која се одвива во детската соба и во која Роби, која ја портретира Наоми Лапаља, сопругата на Џордан Белфорт, се обидува да го испровоцира Дикаприо покажувајќи го голото меѓуножје. Ова е една од најексплицитните сцени во и онака многу експлицитниот филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот