Мапирани критичните точки за потенцијални депонии

Надлежните служби во Карпош мапираа 13 локации на територија на Општината каде што има создадено отпад на јавни површини, по што ќе следува мерка за чистење на овие т.н. диви депонии, информираат од општината.

Од таму додаваат дека Секторот за екологија и енергетска ефикасност започнал со евидентирање и изготвување на листа и мапа на ѓубришта на територија на Општината.

-За истата цел, Секторот  соработуваше со урбаните заедници во Општината. Урбаните заедници, од нивна страна пак, пријавија можни локации за несоодветно и несовесно одлaгање на отпад на територијата на Карпош, велат од општината. При оваа акција е констатирано дека е зачестена појавата на несовесно одлагање на отпад на повеќе локации, јавни површини во oпштина Карпош каде што се поставени контејнери. За таа цел, изготвена е мапа на покритични ѓубришта на територија на Карпош, а и Општината веќе презема превентивни и конкретни активности тие да не прераснат во депонии со тоа што започна со чистење на депонијата во Злокуќани, кај фудбалското игралиште. Исто така, се подигнаа депониите кај „Газела“ (спроти Карпош 4) и во близина С.Ц. „Борис Трајковски“, велат од Карпош.

Десет службеници од урбаните заедници добија овластување за комунални редари, со цел да се санкционираат загадувачите на терен. Од општината најавуваат чистење на депонии во близина на Лепенец и од другата страна на мостот „Газела“.

Свој придонес во пронаоѓање диви депонии во Карпош имаше и Слободен печат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот