Манев: Браво за соиграчите, докажавме дека вредиме, со позитивни мисли си доаѓа успехот

фото: instagram.com/ffmacedonia

Македонската фудбалска А репрезентација во вторникот со резултат 0:2 триумфираше над Малта во квалификациите за ЕП 2024.

Важен триумф за нашите најдобри фудбалери да останат во игра за едно од местата кои водат на континенталниот собир во Германија.

Првиот гол во вчерашната победа беше дело на Елиф Елмас, а вториот го постигна 22-годишниот Јован Манев. Централниот бек, кој моментно е на позајмица во Осиек од Адана Демирспор, Манев во својот трет настап во сениорскиот дрес го запиша првиот гол.

– Чест ми е што сум дел од оваа селекција, браво за соиграчите, селекторот постави добра тактика, ние го испочитувавме тоа. Докажавме дека вредиме и ќе направиме големи нешта сите заедно. Не застануваме тука, сега добро да се одмориме, да се посветиме на клубовите, и се надевам се гледаме во следниот месец кога ќе играме против Украина и дека ќе ги повториме истите резултати. Секогаш треба да се размислува позитивно, со такви мисли си доаѓа успехот.

Сите очекувавме тежок натпревар против Малта, среќа што го отворивме натпреварот во првиот дел, и така се сменија неколку нешта на теренот. Во второто полувреме влеговме лабаво, но потоа се освестивме и продолживме со исто темпо како што посакувавме и ги освоивме трите бода – рече Манев по завршувањето на натпреварот против Малтежаните.

Јани Атанасов: Го дадовме срцето на теренот, ги исполнивме задачите на селекторот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот