Манекенката Зара била во авионот кој се сруши во Пакистан: Сите се молат да е помеѓу двајцата преживеани! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Светот пред два дена го потресе веста дека се срушил авион „Airbus A320“ на Пакистан Интернешнл, а странските медиуми наведуваат дека во несреќата загинала и една од најпознатите пакистански манекекнки, но и светски познатата  Зара Абид – пишува „The Sun“.

Во авионот имало 91 патници и 8 членови на посадата. Неверојатно е дека двајца патници ја преживеале несреќата.

Многумина веруваа дека меѓу нив е ѝ Зара, додека други пак веруваат дека погинала.

– Модната индустрија ја изгуби Зара Абид во авионска несреќа (која се случи во петокот). Беше прекрасна девојка, напорно работеше и беше професионалец. Ме фасцинираше енергијата и динамизмот во нејзините фотографии. Почивај во мир. Многу луѓе денеска ги загубија саканите. Нека се смилува Алах – напишала дизајнерката Каџија Ша, која сепак се надева дека Зара некако преживеала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот