МАМАВИЗИЈА | Андријана Јаневска: Имав страшни болки, мислев дека ќе се породам во кола
Во новата епизода на „Мамавизија“, имаме уште една позната мајка хероина, пејачката Андријана Јаневска за првпат јавно зборува за нејзиниот пат кон мајчинството. Ни открива како ѝ поминале првата и втората бременост, се присетува на денот кога се породила и со Димитар и со Кристијан, ни раскажа и за тоа како нејзините синови ги добиле имињата, вративме спомени и за нејзиното детство, за тоа каква била нејзината мајка…
Препорачано
Јаневска открива дека имала бремености без компликации, но породувањата со првото и со второто дете биле сосема различни.
-И со двете деца се породив во Чаир. Имав лесни бремености, разликата беше што со едниот се породив во лето, со другиот во зима и има огромна разлика кога носиш бебе на +40 степени и се пораѓав кога надвор е пекол. Со Димитар беше малку потешко и подолго траеше, неколку часа, а со Кристијан се породив за еден саат. Добив болки во текот на ноќта, многу ме болеше, така што Гино мораше да вози многу брзо, бидејќи имав чувство дека ќе се породам во кола – се присетува низ смеа таа.

Јаневска во „Мамавизија“ испрати силна порака до сите родители коишто ќе се пронајдат во нејзината приказна. Кога Јаневска се породила со второто дете ја добила информацијата дека нејзиното бебе има деформитет на стапалата. Тоа ја исплашило, но не ја обесхрабрило, вели таа.
-Кога ми кажаа лекарите дека Кристијан има деформитет на стапалата, јас само прашав „дали постои решение?“. Ортопедите сугерираа веднаш да се почне со процедура бидејќи детето нема да може да оди. Со Гино го носевме бебето во Охрид секој петти ден за да му ги исправуваат стапалата со специјални чизми. Кога имаше шест месеци на Димитар му направија операција. Тој беше бебе што не може да лази како останатите, но среќа, кај нас постојат врвни лекари и денес тој е во одлична форма – раскажува таа.
Денес тие се среќно четиричлено семејство со двајца тинејџери. Минатата година прославија 15 години во брак.
Нашата соговорничка низ емисијата открива многу инетересни моменти како мајка. Гледајте „Мамавизија“ на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Автор и водител е Александра Вуксановиќ.


