Малолетник со петарда запaлил тенда на угостителски објект во Свети Николе

Свети Николе / Фото: Bomac / Wikimedia

Малолетник од Свети Николе синоќа со петарда запалил тенда на угостителски објект на плоштадот „Илинден”. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека во 19:30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 19:20 часот малолетник фрлил пиротехничко средство во угостителски објект на плоштад „Илинден” во Свети Николе, при што настанал пожар на тендата на угостителскиот објект.

-Увидна екипа на ОВР Свети Николе извршила увид на местото на настанот, а за случајот бил известен Јавен обвинител и Центар за социјална работа и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во писменото соопштение од СВР-Штип.

Секторот за внатрешни работи-Штип апелира родителите да внимаваат нивните деца да не употребуваат пиротехнички материјали, зашто тие можат брзо и лесно да предизвикаат сериозни последици по нивното здравје, односно да им причинат повреди на рацете, очите и другите делови од телото. Покрај тоа, а зависно од другите околности и последици, активирањето пиротехника може да биде и кривично санкционирано, доколку непосредно ја доведе во прашање безбедноста и на други граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот