Малолетничка од Скопје пријавила дека насилно била донесена во Тетово

Несекојдневен случај на насилно однесување и физички напад е пријавен во тетовската полиција од страна на малолетничка од Скопје. Таа вчера пријавила дека во саботата насилно била донесе во Тетово.

-Во СВР Тетово малолетничка од Скопје во присуство на педагог од Центарот за социјални работи-Тетово пријавила дека пред два дена во Маџари после вербална расправија, со употреба на сила била однесена во Тетово, каде била и физички нападната, соопшти СВР Тетово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот