Малку поинакви печени компирчиња – Почувствувајте го нивниот киселкаст вкус

Овие печени компирчиња имаат интензивен, но специфично интересен вкус кој на многумина ќе им се допадне. Пробајте ги задолжително, нема да зажалите.

Потребни состојки:

– ½ кг поситни компири, исечени на тенки парчиња по должина
– 500 мл оцет (или 250 мл оцет со 250 мл вода за не толку јак вкус)
– Маслиново масло (екстра девствено)
– Сол
– Бибер

Начин на подготовка:

Во тенџерче ставете ги парчињата компири и оцетот. Зовријте ги, потоа намалете ја температурата и пржете ги додека не станат меки кога ќе ги прободете со виљушка, околу 8 минути. Оставете ги да се оладат околу 30 минути. Потоа исцедете ги впијте го вишокот со кујнска хартија.

Загрејте ја рерната на средно висока температура. Наредете ги компирите на обложено тавче во еден ред, ставете повеќе маслиново масло, сол и бибер и пикнете ги да се печат. Печете додека не добијат кафена боја одозгора, односно околу 7 минути, а потоа превртете ги парчињата и печете ги од другата страна уште 5 минути. Сервирајте ги топли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот