Малезија: Жалба на судската одлука со која на христијаните им се дозволува употреба на зборот „Алах”

Архива на СП

Малезиската Влада поднесе жалба на судската пресуда со која е отфрлена долгогодишната забрана и повторно им е дозволено на христијаните во оваа муслиманска земја да го користат зборот „Алах” при нивното обраќање кон Бога.

Зборот е крајно разединувачки во мултиетничката Малезија. Христијаните се жалат дека обидите да не им се дозволува користење на зборот, го потенцираат растечкото влијание на конзервативниот ислам.

Но, некои муслимани го обвинуваат христијанското малцинство за пречекорување на границите. Во последните години, случајот предизвика религиозни тензии и насилство.

Минатата недела, судот во Куала Лумпур донесе одлука дека христијаните можат да го користат „Алах” во своите објави и ја укина забраната од 1986 година.

Судија одлучи дека забраната е неуставна, бидејќи основниот закон на државата ја гарантира слободата на вероисповед.

Сепак, Владата ја обжали одлуката до Апелациониот суд, бидејќи „не беше задоволна” со пресудата. Властите долго време тврдат дека дозволувањето на немуслиманите да го користат зборот „Алах” може да ги збуни муслиманите и да ги натера да ја сменат верата.

Случајот со употребата на зборот „Алах” потекнува уште од 2009 година, кога Владата на Малезија одлучи дека локалниот католички весник „Хералд” не смее повеќе да го употребува зборот „Алах” во своето издание на малајски јазик, кога пишува за христијанскиот Господ.

Помалку од десет отсто од 32-милионското население на Малезија се христијани, главно од кинеско и индиско потекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот