Малезија и Тајван ги повлекоа инстант нудлите на „Индоми“, пронајдена супстанца која може да предизвика рак

Фото: Flickr

Инстант нудлите со вкус на пилешко на „Индоми“ се повлечени од пазарот во Тајван и Малезија откако здравствените власти откриле дека содржат етилен оксид, кој може да предизвика рак.

Етилен оксид е гас без боја и мирис и се користи за стерилизирање медицински помагала.

Индонезискиот прехранбен гигант ја бранеше безбедноста на своите производи по повлекување на брендот.

„Сакаме да нагласиме дека нашите инстант тестенини „Индоми“ се безбедни за конзумација, рече членот на одборот на Индофудс, Туфик Виратмаџа.

Генералниот директор за надворешна трговија на Индонезија, Буди Сантосо, на прес-конференција изјави дека локалните власти „веднаш ги провериле“ повлечените производи и утврдиле дека се безбедни за потрошувачка. Тој додаде дека прописите на Тајван се „многу чувствителни и различни“ во споредба со оние во Индонезија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот