Мала астро школа: Колку сме истрајни, стабилни, со силен карактер?

Кога сакаме да знаеме колку сме одговорни, стабилни, организирани, каква ни е самодициплината, но и кои се нашите стравови, тогаш ја гледаме поставеноста на наталниот Сатурн во астролошките знаци.

Сатурн ги означува и нашите ограничувања, знае да нè измачува – дури и со тегобност – сè додека не ја научиме вистинската лекција, но на крајот секогаш, знае да награди доколку сме биле „добри ученици“.

Што значи да се има Сатурн во Овен: Ваквата поставеност на Сатурн инсистира на трпение, но дава и одлични квалитети на проникливост. Станува збор за личности кои успеваат во текот на животот да развијат голема волја и силен карактер.

Сатурн во Бик: Оваа поставеност на Сатурн дава многу конкретни и стабилни луѓе и инсистира на материјална сигурност. Знаете како да функционирате на прецизен начин, без ризик. Но, истовремено, оваа поставеност дава и строг однос со вашите деца.

Сатурн во Близнаци: Укажува на отворена личност со бројни идеи кои, не секогаш, можат да се реализираат. Широк спектар на интереси, но и површност.

Сатурн во Рак: Вашата чувствителност се судира со специфичноста што планетата на Времето ја бара од вас. Затоа, не размислувајте премногу, туку ставете ја својата енергија во акција за да постигнете цели. Со ваква поставеност Сатурн дава помалку имагинативни личности.

Сатурн во Лав: Станува збор за многу строги личности и кон себе и кон другите. Таа строгост е резултат од страв од грешки или неуспех, но дава и многу несигурни и исфрустрирани личности.

Сатурн во Девица: Тука Сатурн ги потенцира квалитетите на прагматизам, одлучност, самокритика. Дава хиперкритични личности со нагласена потреба за беспрекорност и сè да биде во ред. Тешки личности и за себе и за околината.

Сатурн во Вага: Знаете да бидете одлични родители, способни да ги едуцираат вашите деца на избалансиран начин. Оваа позиција на Сатурн дава најдобри дипломати.

Сатурн во Шкорпија: Вие сте личност која лесно може да ги убедите другите за вашите идеи. Вашиот шарм лежи токму во оваа убедливост, па затоа ваквата позиција на Сатурн дава одлични политичари.

Сатурн во Стрелец: Дава исклучително интелигентни луѓе кои размислуваат длабоко. Со ваква поставеност се губи авантуристичкиот дух, но затоа пак, ги нагласува филозофските размислувања.

Сатурн во Јарец: Сатурн е владетел на овој знак и затоа, со ваква поставеност, дава личности со силен карактер, со голем капацитет да се спротивстават на искушенијата во животот. Дава и долговечност.

Сатурн во Водолија: Сатурн, заедно со Уран, исто така владее и со знакот Водолија, па тука се чувствува природно – дава верни и авторитативни личности, но и личности кои никогаш не отстапуваат од своите принципи.

Сатурн во Риби: Оваа поставеност на Сатурн ве тера да ги отворите очите и да не бидете „заслепени“. Сепак, најчесто станува збор за повлечена, затворена и индиферентна личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот