Емануел Макрон со отечено и црвено око - Извор ЕПА

Макрон вети дека ако треба, нема да се двоуми да употреби оружје

Францускиот претседател Емануел Макрон нареди зголемување на залихите на нуклеарни боеви глави во земјата и вети дека нема да се двоуми да ги употреби доколку виталните интереси на Франција бидат загрозени, објави Политико.

„Наредив зголемување на нашиот нуклеарен арсенал. Повеќе нема да ја откриваме неговата големина како во минатото. Никогаш нема да се двоумам да ги донесам одлуките што се неопходни за заштита на нашите витални интереси. Доколку го употребиме нашиот арсенал, ниедна држава не би можела да го избегне тоа“, рече Макрон во говорот што го одржа во поморска база во северозападна Франција.

Франција има околу 290 нуклеарни боеви глави, според најновите бројки објавени од Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм.

Француските претставници рекоа дека обраќањето било планирано однапред и не е поврзано со ескалацијата на Блиски Исток.

Макрон рече дека Франција би можела да распореди стратешки капацитети поврзани со нуклеарно одвраќање кај европските сојузници, почнувајќи со заеднички вежби.

„Осум европски земји се заинтересирани за програмата на Франција за напредно одвраќање, која ќе се спроведе во целосна транспарентност со САД“, кажа Макрон, додавајќи дека ова ги вклучува Велика Британија, Германија, Полска, Холандија, Белгија, Грција, Шведска и Данска.

„Верувам дека можам да кажам дека нашите партнери се подготвени“, нагласи Макрон.

Практично, Макрон денеска ги скрши неколкудецениските француски нуклеарни табуа – со ветувањата дека ќе го зголеми бројот на боеви глави и експлицитно ја истакна улогата на Франција во европската безбедност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот