Макрон со молба до Французите: Издржете уште четири до шест недели

Емануел Макрон
Емануел Макрон/ Фото: EPA-EFE/THIBAULT CAMUS / POOL MAXPPP OUT

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика Французите да издржат уште еден до месец и пола, пред да ги почувствуваат првите олеснувања во актуелната здравствена криза, јави дописникот на МИА.

Дваесет француски департмани се под засилен надзор и може да бидат предмет на заострување на ограничувањата во наредните денови, а културните работници утринава повикаа на отворање на културата, една година по првите затворања и откажувања на настаните.

Заедно со новите ограничувачки мерки што би можеле да се воведат, извршната власт работи на зголемување на вакцинацијата, особено меѓу најранливите и медицинскиот персонал, со цел да се обиде да го намали притисокот врз болниците. Жан Кастекс во четвртокот објави дека кон средината на мај, на сите лица  над 50 години ќе им биде понудена прва инјекција против ковид-19.

– До крајот на март две третини од луѓето над 75 години ќе бидат вакцинирани, рече премиерот.

Шефот на државата, исто така, планира неделава да одржи состанок со членовите на владата за да подготви воспоставување на здравствен пасош, со цел повторно отворање на културни места и ресторани затворени од пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот