Макрон со критики до Советот за безбедност на ОН

Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше Советот за безбедност на ООН, велејќи дека тој не нуди корисни решенија.

Тој истакна дека една од неговите задачи е да ја зајакне и формира политички силна Европа.

– Ако сакаме да воспоставиме соработка, избалансираните столбови треба да можат да ја обликуваат оваа соработка околу новиот мултилатерализам, т.е. да се води дијалог помеѓу различните сили, неопходен за заеднички одлуки, и тој во моментов е блокиран. Морам да признаам дека денес, Советот за безбедност, не нуди корисни решенија , изјави францускиот лидер за списанието „Греит континент”.

Тој истакна дека е потребно да се преиспитаат формите на соработка и да се модернизираат структурите на организацијата.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот