Макрон: Нема да и дозволам на ниту една земја да не храни со сепаратизам

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER

Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера изјави дека ќе ја ограничи праксата други земји да праќаат имами и учители во Франција, со цел да го запре „сепаратизмот”.

Тој наведе дека постепено ќе го ограничи системот според кој Алжир, Мароко и Турција испраќаат имами во Франција, додавајќи дека со тие земји постигнал договор освен со Турција.

– Нема да и дозволам на ниту една земја да не храни со сепаратизам, посочи Макрон, додавајќи оти ставањето крај на исламскиот конзуларен систем е важен за да се ограничи странското влијание и да се обезбеди почитување на француските закони.

Тој наведе дека Алжир, Мароко и Турција годишно во Франција испраќаат 300 имами. Макрон истакна и дека побарал од француските институции кои го претставуваат исламот да обезбедат имамите да се обучуваат на француска територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот