Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Макрон на вечера ќе ги предомислува шефовите на европските компании да не се селат во САД

Францускиот претседател Емануел Макрон ги покани директорите на група европски компании на вечера за да ги наговори да не се преселат во САД, кои ги привлекуваат со пониски цени на енергијата и даночни олеснувања.

Европските политички лидери беа вознемирени од мерките усвоени од кабинетот на американскиот претседател Бајден, нудејќи, меѓу другото, даночни олеснувања за производите од домашните фабрики, пренесува Хина.

Индустријата во ЕУ предупредува дека САД со овие мерки стануваат поконкурентна инвестициска дестинација од Европа.

Европа мора да ја заштити својата индустрија поагресивно или ќе се исели, изјави Ерик Трапие, извршен директор на Дасо Авијација и шеф на Француската федерација за метална индустрија, за весникот Ле Ехос во текот на викендот.

Европските компании се сè погласни во критиките за остриот пораст на цените на енергијата од почетокот на руската инвазија на Украина. Макрон ја повика ЕУ да го следи примерот на САД и да ги покани државните органи да купуваат европски производи за да го поддржат европското производство, но наиде на отпор од противниците на протекционизмот меѓу членките на ЕУ, забележува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот