Маќедонци: Процедурата за отворање на фабрика за муниција и дронови е во координација со САД
По денешната одлука на Владата на Косово да започне процедури за отворање фабрика за муниција и лабораторија за дизајнирање беспилотни летала, косовскиот министер за одбрана, Ејуп Маќедонци изјави дека сите дејствија во тој правец се преземаат во координација со стратешките партнери на државата, особено со САД, објавија косовските медиуми.
Препорачано
Во обраќање пред медиумите на денешната церемонија по повод Денот на косовските сили, Маќедонци рече дека досега е добиена физибилити студија од Министерството за одбрана на Турција, а извршени се координации и со други меѓународни партнери, пред сé со Соединетите Американски Држави, како „главен стратешки партнер во развојот на одбранбените и безбедносните капацитети“ на Косово.
„Ние не преземаме ниту еден чекор без консултација со сите партнери, особено со САД, кои се наш главен стратешки партнер во развојот на одбранбените и безбедносните капацитети. Фабриката за муниција е владин проект и не се меша со аспектот на транзицискиот план на Безбедносните сили на Косово (ФСК), кој нормално ќе се развива врз основа на целите на сеопфатниот план изготвен со САД“, рече Маќедонци.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
25мин
-
54мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


