Маки во Лабуништa: Не сакаме да се тестираме за Ковид 19, зашто се плашиме дека ќе завршиме на респиратор!

Жителите на струшкото село Лабуниште одбиваат да се тестираат за коронавирус и се лекуваат дома, зашто се плашат дека ако им се земе брис и ако излезат позитивни на Ковид 19, ќе бидат поставени на респираторна машина. Ова за ,,Слободен печат” го тврди доктор Јованка Сурлакова – Коровешовска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје – Охрид.

-Точно е дека не сакат да се тестираат. Се плашат дека ако им се земе брис и ако се позитивни, ќе бидат на респираторна машина. Има многу смртни случаи од таму и се плашат и велат дека сите што се поставени на респиратор ниеден не се врати жив. Ги убедуваме дека ако на време се започне со лекување добар дел од нив ќе се излекуваат, но попусто. Доаѓаат во болница во многу тешка состојба, со ниска сатурација, пред умирање. Не знам како да се натераат да им се земе брис. Имаме сериозен проблем да ги натераме да се тестираат. Лесно е за тие што се дијагностицирани, тие се ставаат во изолација и полицијата ги контролира и контактите нивни се во изолација. Ама за тие со симптоми, што не се официјално дијагностицирани, имаме голем проблем. Матичните лекари им даваат упати за да дојдат во нашиот пункт. Имаат закажан термин за тестирање за Ковид 19 и не се јавуваат на закажаниот термин за да им се земе брис. И ова не е еден, двајца туку многу случаи се такви. Дури ни контактите на потврден позитивен на ковид 19 не сакаат да се тестираат. Имав контакт на потврден случај, млада жена, ми вели, не можеш да влезеш во куќава да земеш брис, се плашам дека ќе завршам на респиратор. Се плашат од респиратори и владее страв, ни рече доктор Коровешовска.

Прочитајте и...  Села: Лајт мотивот на овие избори ќе биде променета кај албанскиот блок, Али Ахмети и ДУИ се факултативни Албанци

Таа додава дека постарите жители на селото, воопшто не сакаат да се тестираат, седат дома и се лекуваат во домашни услови, зашто не сакаат да ги изложуваат семејствата на високи сметки за погреби, зашто погребот за дијагностициран со ковид 19 е поскап.

-Постарите велат, ова се нивни зборови ,,знам дека ќе умрам, исто ми е дали во Скопје во болница, или дома во Струга”. Тие воопшто не сакаат лекарска помош. Вака не беше на почетокот. Ги знаат симптомите, ако загубат на пример чувство за мирис и вкус, знае дека има корона, се повлекува, не шета, не бара здравствена помош. Никој не знае колку се болни од тие што имаат симптоми а се затворени дома. И тоа е загрижувачко, што смртта настапува дома, не се дијагностицирани со ковид, а имале симптоми, додава докторката.

Прочитајте и...  Регистрирани 444 прекршоци за неносење маска

Според неа, во струшко има два кластери од погреби. Еден 80 годишен жител на Лабуниште починал а се заразиле синот, снаата, внуката, се префрлила заразата и во друго село. Епидемиологот Коровешовска додава дека во Лабуниште 90 проценти од заразените со коронавирус се жени.

Прочитај повеќе

Загрижувачка ситуација за 74.000 вработени: Намалена потрошувачката на сладолед во Италија

Слободен печат

СЗО го разгледуваат отвореното писмо од научниците за нови препораки за заштита од коронавирус

Слободен печат

Градоначалничката на Атланта е позитивна на коронавирус (ВИДЕО)

Слободен печат

Бабовски: До крај на јули може да се аплицира за добивање субвенции за земјоделството по Програма 2020 година

Слободен печат

Британската амбасадорка во Црна Гора запрепастена: Минувач намерно кашлаше во нас

Слободен печат

Заев: Забегуваат политичарите после два мандати, долгото седење во власта направи богови од ДУИ (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ендрус: Мелбурн повторно под карантин, ситуацијата е покомплицирана од претходно

Слободен печат

ГДУ: Заев, Мицковски и Ахмети да се откажат од пратеничките или премиерските плати и бенефиции

Слободен печат

СЗО: Коронавирусот мутирал откако почнал да се шири низ светот

Слободен печат

Забраната за летови меѓу Грција и Србија до 15 јули

Слободен печат

Заев ги најави Еколог, ИКЕА и Блекстон, Мицкоски вети но не ги откри трите големи интернационални инвестиции

Слободен печат

Косово со најголем број на заразени во еден ден: Нови 195 случаи на коронавирус

Слободен печат