Македонските вештаци од вчера чекаат да влезат во сала и да учествуваат во обдукцијата на жртвите со бугарските колеги

Запалениот македонски автобус во Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија/ Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

Кој е проблемот поради кој на македонските вештаци не им е дозволен пристап во операционата сала не е познато, но вчера за ова била испратена и дипломатска нота од Скопје.

Директорот на судска медицина доктор Александар Станков со уште двајца колеги од вчера чека да влезе во салата каде во тек се обдукциите на изгорените патници во сообраќајката во која вчера загинаа 45 граѓани во Бугарија, дознава „Слободен печат“.

Кој е проблемот поради кој на македонските вештаци не им е дозволен пристап во операционата сала не е познато, но вчера за ова била испратена и дипломатска нота од Скопје.

Доктор Станков во изјава за „Слободен печат“ потврди дека од вчера чека писмено одобрение да се вклучи со двајцата колеги од земјава во вршењето на обдукциите и посочи дека правилата на Интерпол налагаат кога има меѓународна сообраќајка, да учествуваат вештаци од двете земји.

Запрашан дали е завршено прибирањето на ДНК материјалот од семејствата на загинатите, кој се прибира на Институтот за судска медицина во Скопје, директорот посочи дека има само уште неколку лица од кои треба да се земе материјалот, по што ќе се испратат профилите во Бугарија за да се изврши споредба. Според него, состојбата налага да мора да се изврши идентификација преку ДНК профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот