Македонските тенисери ги дознаа ривалите во Дејвис купот
Нашите најдобри тенисери ги дознаа ривалите кои што ќе ги играат во грчкиот главен град, се наоѓаат во групата Б со Естонија која е носител, потоа Црна Гора и Летонија. Во групата А освен домаќинот Грција ќе играат и селекциите на Луксембург, Полска и Монако.
За в среда е закажан првиот наш меч против Естонците, секој ден натпреварите ќе се играат од 11.00 часот по локално време.
Оваа година боите на селекцијата ќе ги брани Горазд Србљак, Димитар Грабул, Лука Љубен Андонов и Берк Бугариќ. Капитен е Чедомир Јовановски, а асистент тренер Владимир Томиќ.
Првата и втората репрезентација од групите А и Б ќе се пласираат во плејоф натпреварите во 2020 година, а две селекции кои ќе бидат последни во групите ќе испаднат во четвртата Европска зона во 2020 година.