Македонските ракометарки од третиот шешир ги чекаат ривалите во квалификациите за ЕП 2026
На 20 март 2025 година во Клуж-Напока, Романија, ќе се одржи жрепката за извлекување на квалификациските групи за пласман на Европското ракометно првенство 2026 година во женска сениорска конкуренција.
Препорачано
Континенталниот собир ќе се организира од 3 до 20 декември 2026 година во пет земји: Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.
Покрај домаќините, директно учество на ЕП обезбедија и трите селекции кои освоија медали на ЕП 2024, актуелниот шампион Норвешка, сребрената Данска и бронзената Унгарија.
Најдобрата македонска репрезентација од третиот шешир ќе ги чека противниците во квалификациите. Селекциите на Украина, Португалија, Италија, Грција и Косово не можат да ни бидат ривали во квалификацискиот циклус.
Пласман на ЕП ќе обезбедат првопласираните две репрезентации од секоја група, како и четири најдобри третопласирани.
Шешир 1: Франција, Шведска, Холандија, Германија, Црна Гора, Шпанија.
Шешир 2: Словенија, Хрватска, Австрија, Швајцарија, Србија, Исланд.
Шешир 3: Македонија, Украина, Португалиа, Италија, Грција, Косово.
Шешир 4: Фарски Острови, Финска, Израел, Босна и Херцеговина, Литванија, Белгија.
Првите квалификациски мечеви ќе се играат во периодот од 15 до 19 октомври 2025 година.


