Фото: ffm.mk

Македонските фудбалерки поразени од Азербејџан во квалификациите од Лига Ц

Македонската А женска фудбалска репрезентација загуби од Азербејџан на натпреварот од првото коло во квалификациите од Лига Ц за пласман на Светско првенство. Во Баку, нашата селекција е поразена со 2:0.

Александра Марковска и Симона Мејер во првото полувреме имаа свои обиди за погодок, но нивните удари беа блокирани.

Јафарзаде во 28 минута го постигна водечкиот погодок за домашната репрезентација, а со својот втор погодок во 78 минута, ја потврди победата на Азербејџан. Максути и Николовска имаа шанси за гол во вториот дел за Македонија, но не беа успешни во завршницата.

Македонија: 1. В. Панчурова, 21. Б. Петкова (85` Петкова), 6. М. Панева, 5. П. Николовска (85` Петкова), 19. С. Мејер, 10. Т. Галабовска, 8. А. Марковска, 7. М. Грозданова (61` Бошевска), 14. Е. Величковска (74` Панеска, 9. И. Максути, 11. Х. Мустафа (61` Павловска)

Селекцијата предводена од Александар Андов првите бодови во групата ќе ги бара на домашен терен против Андора. Мечот се игра на 7 март во Битола на стадионот „Петар Милошевски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот