Фото: ФФМ

Македонскиот репрезентативец Лука Станковски ќе игра за украинскиот Колос

Членот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација Лука Станковски (23) ќе ја продолжи професионалната кариера во Украина, поточно во редовите на Колос Коваливка. Играчот од средниот ред досега ги бранеше боите на српската екипа Раднички од Крагуевац.

Кон крајот на минатата недела Станковски пристигна во Украина за да ги договори сите детали. Според информациите, договорот со Колос ќе биде на три години.

За Раднички одигра вкупно 45 натпревари и постигна три гола во српската Суперлига, играјќи најчесто како централен и напаѓачки играч од средниот ред. За време на неговиот престој во тамошниот шампионат, тој покажа тактичка дисциплина, самодоверба во додавањата и способност да одговори на различни барања на средниот ред.

Сениорската кариера на Станковски започна во 2019 година во Работнички, од каде што две години подоцна се пресели во турскиот Газиантеп. Настапуваше и за словенечка Горица и турскиот Тузласпор.

За најдобрата македонска репрезентација има два настапи и еден гол. Лани дебитираше во пријателскиот меч против Саудиска Арабија, а потоа беше и во листата на стрелците во победата над Лихтенштајн во квалификациите за СП 2026.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот