Македонскиот репрезентативец Барди има понуда од Франција

Енис Барди пред одлука дали да продолжи со Леванте/Фото: EPA-EFE/Salvador Sas

Енис Барди со Леванте не успеа да обезбеди опстанок во „Ла Лига“, а до крајот на шампионатот има уште еден меч вечерва со Рајо Ваљекано на голманот Столе Димитриевски.

Се шпекулира дека можно е ова лето Барди да го напушти Леванте, иако излегуваат информации дека би можел да остане во клубот од Валенсија и да настапува во „Сегунда“.

Сезонава во најсилниот шпански шампионат нашиот 26-годишен играч од средниот ред запиша три голови во 29 настапи. Имаше понуди од Италија, Турција, а сега доаѓа и од Франција, поточно од екипата на Олимпик Лион, така барем известува „90мин“.

За нашиот играч се вели дека има добра техника, со прецизно додавање на топката и може да игра на крилните позиции.

Изворот пишува дека Барди е една од летните желби на францускиот клуб кој на едно коло до крајот на сезоната се наоѓа на осмото место на табелата во „Лига 1“. Французите знаат дека дека Леванте може да ја искористи опцијата да биде продолжен договорот на нашиот играч на две години.

Покрај Барди, летни желби на Олимпик Лион се и Паулињо (Баер Леверкузен), Арни Калимуендо (Ленс), Лудовик Блас (Нант), Маркос Сенеси (Феенорд), Оркун Кокчу (Феенорд), Секо Фофана (Ленс) и Тајрел Маласиa (Феенорд).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот