Македонскиот голман Стојановиќ ќе брани за Мидлсброу (ФОТО)

фото: твитер

Чуварот на мрежата пред девет години имаше еден настап за нашата млада фудбалска репрезентација на контролниот меч против Црногорците.

Официјално нашиот 26-годишен чувар на мрежата потпиша договор на три и пол години со клубот кој што сезонава за настапува во Чемпионшип.

Мидлсброу кој моментно се наоѓа на 16. место после 27 кола во Чемпионшип, веднаш најде замена Дарен Рендолф кој си замина од клубот.

Дејан Стојановиќ, роден во Фелдкирх (Австрија), имаше еден настап за македонската млада У21 репрезентација во 2011 на пријателскиот меч против Црна Гора.

Истата година доби повик од У19 селекцијата на Австрија и беше тогаш меѓу резервите за три евроквалификациски мечеви.

Ниту еднаш досега не ги бранел боите на најдобрата македонска репрезентација. Во клупската кариера ги бранеше боите на Лустенау 07 (Австрија), Болоња (Италија), на позајмица во Кротоне (Италија), а последен клуб му беше швајцарскиот Ст. Гален.

Има над 50 натпревари за Ст. Гален и има настапи во Лига Европа.

– Задоволни сме што потпишавме со Дејан. После заминувањето на Дарен во Вест Хем, беше важно да додадеме конкуренција за голманите кои се во нашиот клуб – вели менаџерот на Мидлсбро, Џонатан Вудгејт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот