Македонскиот дизајнер и типограф Ласко Џуровски прави фонт според „ракописот-краснописот“ на Рацин

ласко џуровски кочо рацин фонт
ФОТО: Ласко Џуровски/ Фејсбук

Ласко Џуровски, кој е креатор на идејните и ликовно-графичките решенија за изгледот на 200-ката и 2000-ката од книжните пари кои се во циркулација од 2016 година, се огласи на својот фејсбук-профил со нов проект „Дигитализација и изработка на автентичен фонт според ракописот на Кочо Рацин“.

Џуровски претстави фонт „базиран на оригинални документи напишани од Великанот на македонската поезија – Кочо Рацин“.

„Се обидувам максимално да ја задржам автентичноста на неговиот ракопис, се разбира, со мали модификации неопходни за негова употреба во нашава, дигитална сегашност“, посочува тој.

Неговиот фонт има 24 мали кирилични „ракописно-краснописни“ букви и е сè уште во изработка.

„Да го чуваме и надградуваме македонското културно наследство, да го запишеме во вечноста каде што никој не може да го избрише.“

Џуровски се занима со типографија и графички дизајн, работи за светски пазар и е автор на голем број македонски кирилични фонтови со автентични македонски знаци и други фонт фамилии.

Во видеото може да дознаете повеќе за неговата работа:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот