7.9 C
Скопје

Македонски Брод: Амбуланта ќе добие клуч на врата, бидејќи докторот користел одмор

Една од четирите приватни здравствени ординации во Македонски Брод ќе се затвори бидејќи е казнета поради тоа што газдата му дал одмор на докторот, спротивно на препораките од Владата, според кои матичните доктори не смеат да користат одмор додека СЗО не прогласи крај на пандемијата.

– Докторот кој е вработен во мојата ординација го немаше искористено ниту одморот за 2020 година. Тој имаше лични семејни причини да отпатува во Германија и веќе се беше договорено, дури и пред одлуката на Влада која е донесена на 03.11.2020 година. Јас дури и не знаев за оваа одлука. Немаше известување од Фондот за здравство, ниту од Министерството. Одлуката единствено излегла во Службен весник. Ние регуларно го известивме Фондот дека имаме заменик доктор во ординацијата. Од ФЗОМ одлучија да ни ја одземат капитацијата поради како што велат непочитување на одлуката. Сега јас без капитација морам да земам кредит за да им дадам плата на докторот и двете медицински сетри, вели доктор Игор Дабески, сопственик на ординацијата.

Прочитајте и...  СДСМ: Пописот ќе се одржи на пролет, ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира граѓаните

Тој поднел и жалба до правната служба во ФЗОМ, потоа до директорите и Управниот одбор на ФЗОМ, по која е одлучено негативно.  На 3 ноември е донесена препораката на Владата за која нема казнени одредби, бидејќи е препорака. Фондот на Управен одбор истата ја разгледал на 18 декември, а на веб страницата на ФЗОМ е објавена на 23 декември. Докторот од Македонски Брод тогаш веќе бил заминат во Германија.

Зошто ФЗОМ негативно донел одлука да ја казни ординацијата во Македонски Брод и покрај тоа што имало обезбедена замена за докторот, и се работело со пациенти, прашавме во Фондот од каде што ни беше посочено дека ќе им треба подолго време да ни одговорат, откако ќе ја консултираат правната служба.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Евтимова: Фуснота.мк е платформа за поголема читаност на македонската поезија

Од друга страна од Владата ни одговорија дека не следуваат казни за непочитување на препораката на Владата, здравствените работници да не користат одмор додека трае пандемијата.

-Укажуваме дека се работи за препорака и дека здравствените работници нема да се казнуваат. Очекуваме поголема свесност за состојбата во која се наоѓа здравствениот систем во време на пандемија. Здравствените работници тоа го демонстрираат сите овие месеци и за тоа Владата на Република Северна Македонија им оддава признание, ни одговорија од Владата.

 

 

Поврзани вести

Истрага во Министерството за правда околу обиди за поништување на резултатите од претседателските избори во САД

Слободен печат

„Ја разбираме карикатурата, но Петричиќ не го разбира силувањето“: Карикатуристот ја шокираше јавноста

Слободен печат

Втор ден немири во Холандија по воведувањето на „полициски час“: Инциденти во Ротердам и во близина на Мастрихт

Слободен печат

Филипче за набавка на ковид вакцини: Преговараме со кинески „Синовак“ и „Синофарм“, чекаме дози и од Ковакс механизмот и од „Фајзер“

Слободен печат

Шкотска ќе одржи нов референдум во мај

Срѓан Ивановиќ

Бајден повторно ги воведе ограничувањата за патување

Слободен печат

Остави Коментар