Македонската скијачка Цветановска испишува историја: Освоени први бодови во Светски куп

фото: Скијачка федерација на Македонија

Ана Цветановска оствари огромен успех за македонскиот ски спорт, испишувајќи историја со освоените први бодови во натпреварите од Светскиот куп.

За првпат во историјата на ски-спортови во Македонија, нашата претставничка дојде до бодови во Светскиот куп кој се одржа изминатиот викенд во Давос, Швајцарија.

Младата и надежна Цветановска освои 18 бодови во нордиско скијање, со што ја издигна Македонија на 22 место на светската ранг листа.

– Две добри трки зад мене изминатиов викенд во Давос, и ги освоив првите точки за Нордиското скијање во Македонија од постоењето. Продолжувам со напорни тренинзи за уште поголеми успеси – се зборовите на Цветановска.

Ставре Јада имаше солиден настап во Давос. Повеќе прочитајте ТУКА

Цветановска претпоследна на трката од Светскиот куп во крос кантри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот