Фото: EPA/Bo Amstrup

Македонската машка ракометна репрезентација со скок од четири места на ЕХФ ранг-листата

Напредок од четири позиции на најдобрата машка ракометна репрезентација на најновото рангирање на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Моментно нашата сениорска селекција се наоѓа на 15. место со моментно 31,25 поени, што е за четири места подобро од минатата година.

ЕХФ ги сумираше резултатите на сите репрезентации по настапот на Европското првенство што се одржа во јануари каде избраниците на селекторот Кирил Лазаров се најдоа на 14. позиција со учинок од една победа над Романија, реми со Португалија и пораз од Данска која подоцна стана европски шампион.

Во топ 3 се наоѓаат Данска (118 поени), Франција (94) и Германија (91).

Целосното ЕХФ рангирање на машките ракометни репрезентации можете да го погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот