Македонистите не се добредојдени во Благоевград

ФОТО : Архива

Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет.

– Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации – се вели во образложението на декларацијата изгласан од Советот на овој бугарски град.

Истото го потврди советникот Кирил Илиев од ГЕРБ, кој изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот.

Од македонска страна засега ја регистриравме изјавата на Јована Мојсовска од Левица, која преку социјалните мрежи го осуди однесувањето на локалната власт на Благоевград.

– Благоевград усвоил декларација со кој се спротивставува на отворање на клубот кој го носи името на Никола Вапцаров. Додека ги глорифицира фашистичките крвници Ванчо Михајлов, на Бугарија и’ пречи Вапцаров кој бил поетски великан и социјалист (стрелан од фашистичката влада). Анти-македонската политика на Бугарија е сведена на анти-социјализам – објави Мојсовска на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот