Македонија за 2,6 пати го надмина светскиот просек на починати од коронавирус на милион жители

Во последната недела, односно од 6 до 13 септември, до кога се обработени информациите од Институтот за јавно здравје, се пријавени вкупно 27 нови смртни случаи од 12 градови, што е за 7 повеќе од минатата недела.

Зголемен број на починати од ковид-19 во услови кога веќе имаме поголемо искуство во третманот, го отвора прашањето дали има некој пропуст во системот на движење на овие пациенти и дали можеби нешто треба да се менува во начинот на лекување. Во вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје имаше дури девет починати пациенти од кои две многу млади, на 29  и 23 годишна возраст, а бројот на починати во однос на претходната недела е зголемен за седум.

Од Министерството за здравство објаснија дека двете млади пациентки кои починаа во изминатото деноноќие биле хоспитализирани поради ковид-19 и имале претходни заболувања. Дваесет и тригодишната пациентка од Скопје, четири дена имала температура, кашлица и тешко дишење. Била хоспитализирана на 12 септември на Инфективната клиника во Скопје. Како тежок пациент веднаш била ставена на кислород. Ден пред да настапи смртта, нејзината состојба се влошила поради пад на сатурацијата, по што била ставена на неинвазивна вентилација. Смртта кај неа настапила нагло. Пациентката имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и морбус кушинг – ендокринолошко заболување.

Другата почината пациентката на возраст од 29 години е од Струмица, а смртта настапила додека се лекувала во Клиниката Жан Митрев. Во епидемиолошкиот извештај на Институтот за јавно здравје е наведено дека имала заболување на тироидната жлезда.

Во последната недела, односно од 6 до 13 септември, до кога се обработени информациите од Институтот за јавно здравје, се пријавени вкупно 27 нови смртни случаи од 12 градови, што е за 7 повеќе од минатата недела. Во однос на возраста, 19 лица биле над 60 години, 6 на возраст од 50-59 и две од 40-49 години. Од починатите, 25 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица.

Прочитајте и...  Цивил: Ставовите се бранат со факти, а не со насилство!

Вкупниот број на починати од ковид-19 се искачи на 661. Кривата на починати од јуни месец е во постојан пораст и воопшто немаше тренд на намалување или барем на стагнирање.

Загрижува и податокот дека на листата на држави во светот, според број на починати на милион жители, се наоѓаме на 21 место со 317 починати на милион жители, од повеќе од 200 рангирани земји. Ако се разгледа рангирањето, ќе се види дека од европските држави полоша е состојбата во земјите како Шведска, Холандија, Велика Британија каде немаше воопшто или имаше мали рестириктивни мерки. Во однос на регионот, сите држави имаат помалку починати во споредба со нас. Босна и Херцеговина 221, Албанија 118, Бугарија 105, Србија 84, Грција 30 починати на милион жители. Светскиот просек  на починати на милион жители е 120, што значи дека го надминуваме за 2,6 пати.

Паѓа во очи и големата разлика меѓу процентот на починати мажи и жени, односно 66,77 отсто од починатите се од машки пол, додека 33,23 отсто од женски пол. Најголем процент од починатите, или 70,3 отсто, се на возраст од над 60 години, 17,25 отсто се во возрасната група од 50 до 59 години, а 7,11 отсто се на возраст од 40 до 49 години.

Во односот со спроведените тестови, минатата недела бројот на позитивни случаи се зголемил за 0,3 процентни поени, односно 8,4% од тестираните биле позитивни на ковид-19. Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 7 до 13 септември 2020 година, тестирани се вкупно 8.353 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 14.2% помалку во однос на минатата недела. Регистрирани сe вкупно 705 нови позитивни случаи.

Прочитајте и...  Димитров: Ја ценам поддршката што Швајцарија ја дава во процесот на нашите европските интеграции

Доктор Илир Хасани кој е директно вклучен во лекувањето на пациентите на Клиниката за инфективни болести вели дека најважно за да се подобри исходот од лекувањето и да се намали смртноста на пациентите со ковид-19 е навреме да се побара лекарска помош и матичните лекари да се сензибилизираат за можни компликации и навреме да се упатуваат пациентите во болница.

– Навременото почнување на лекувањето е многу важно за исходот. Кого ќе дојде пациент кој имал компликации 12 дена, не може многу да се направи. По дијагностицирањето на ковид-19 пациентите треба внимателно да се следат и да не земаат антипиретици, односно лекови за намалување на телесната температура, без да имаат вистинска потреба за тоа. Праксата ни покажува дека, иако првите денови пациентите немаат симптоми, најчесто ги развиваат 7, 8 и 9 ден. Еден од најпрепознатливите симптоми е покачената температура. Ако пациентите имаат ваков проблем треба матичниот лекар да им направи добра анамнеза, хемостаза на крвта и да процени дали треба да биде упатен на болничко лекување – вели Хасани.

Тој објаснува дека на клиниката имаат доволно лекови, обучен кадар како и медицинска опрема за лекување на пациентите со ковид-19.

Други лекари  забележуваат дека досега не е направена никаква анализа на бројките на починати пациенти која би покажала што е вистинската причина за морбидитет и за морталитет (смртност) во нашата земја.

Прочитајте и...  Филипче со најава: Одлука за отворање на границите во текот на наредната недела

– Дали тоа е возраста, коморбидитетите, обезноста (дебелината), задоцнетиот почеток на третман, религиската определба, видот на третман. Каков бил третманот и која терапија дала најдобри резултати. Објаснување за смртноста може да се добие доколку се објават овие анализи и резултати – вели д-р Игор Николов, нефролог.

Прашање е, вели тој, и дали има доволен број на персонал, според светските стандарди за лекување на тежок болен, дали се практикува и на кое ниво функционира мултидисциплинарниот пристап во третманот. Исто така потребно е да се спореди смртноста на пациентите во болницата „8 Септември“ и на Клиниката за инфективни болести, за да се детерминира и одреди функционирањето на мултидисциплинарниот пристап.

Лекарите забележуваат и дека протоколите за третман на пациентите со Ковид-19, воопшто не се променети од самиот почеток и не постојат како такви во пишана форма.

– Обученоста на персоналот со респиратори, машини за неинвазивна вентилација, начинот на дезинфекција, стерилизација на голем број од помошни апарати, овлажнувачи, клима уреди, можат да имаат важен удел во смртноста на пациентите заразени од ковид-19. Понатаму достапноста на лековите ремдесивир, тоцилизумаб, фавипиравир, го отвара прашањето и нивното влијание на смртноста кај пациентите. Со еден збор, мозаикот за смртноста од ковид-19 го формираат овие потточки и со вакви издржани анализи и студии може да се даде информација и одговор на прашањето за смртноста кај пациентите со ковид-19 во Македонија – вели д-р Николов.

Прочитај повеќе

Советничката на Пенс му врти грб на Трамп: Тој воопшто не се грижеше за пандемијата, само за изборите

Слободен печат

Прес-конференција на премиерот Заев и министерката Царовска за националната платформа за онлајн учење (ЖИВО)

Слободен печат

Тројца хрватски пратеници, осомничени се за проневера останаа без пратенички имунитет

Слободен печат

Анкета: Половина од Американците нема да се вакцинираат против Ковид-19

Слободен печат

Змејковски за „27 април“: Само еднаш присуствував на протестите „За заедничка Македонија“, со Ристовски и Јанакиески не сум имал контакт

Слободен печат

Мицотакис им најави дополнителни мерки на Грците

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Владата на следната седница ќе ги разгледа барањата на мајките за продолжување на породилното отсуство

Државата како гарант: Бесими најави полесен пат за фирмите до кредити кај комерцијалните банки

Слободен печат

Лани Владата потрошила околу 26 милиони денари за патувања и ресторани

Аргентинец измисли штит против коронавирус и се прошета со него, погледнете како изгледа (ВИДЕО)

Слободен печат

Добредојде за Дејвид Гeр: Новиот евроамбасадор пристигна во Македонија

Слободен печат

Заразеното дете три дена одело во градинката во Струмица, 11 дечиња ставени во изолација

Михаило Донев