Македонија У21/ФФМ

Македонија У21: Италија беше пресилна, петти пораз за момците на Станиќ во квалификациите

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година беше далеку од некакво изненадување на гостувањето во Италија каде го запиша четвртиот пораз во низа во квалификациите за ЕП и петти вкупно.

Избраниците на селекторот Станиќ не можеа рамноправно да се спротистават на фаворизираниот домаќин кој по само три минути дојде до предност. Следуваа и уште неколку шанси пред нашиот гол, меѓутоа резултатот во првиот дел не се промени.

Прашањето на победникот беше решено во првите минути од второто полувреме кога Липани и Екатор се погрижија за водство на домаќините од 3-0. Македонија во текот на целиот натпревар не успеа посериозно да се закани.

Кога е табелата во прашање шансите за некаков поголем успех се загубени од претходно, а воследниот натпревар за пет дена ќе играме против Ерменија повторно на гостински терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот