Македонија треба да им исплати 13.300 евра отштета на сексуални работнички за нехуман и понижувачки третман

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Европскиот суд за човекови права пресуди дека Македонија треба да им плати отштета од 13.300 евра на четири сексуални работнички поради тоа што ги повредила нивните права, недостоинствено и нехумано се однесувала кон нив кога ги привела во полициската станица Бит Пазар и цела ноќ ги оставила жените без храна, вода и пристап до тоалет. Згора на тоа, откако сексуалните работнички биле уапсени, биле навредувани, а утредента присилени да направат тестови за сексуално-преносливи инфекции. Ваквата пресуда се однесува на повредата на праватата сексуални работнички апсени во 2008 година.

Од невладината организација ХОПС велат дека Судот утврдил повреда на правото на приватност, затоа што на жртвите им биле објавени фотографии без да им биде прикриен идентитетот. Државата е задолжена да им исплати 13.300 евра за тоа што не им ги заштитила правата пред домашните судови и поради претрпените повреди и трауми.

Во 2008 година Министерството за внатрешни работи спроведе акција „Сузбивање на улична проституција“ при што приведе 23 сексуални работници на кејот на Вардар и не им кажа зошто ги лиши од слобода. После целоноќното држење во станица без храна, вода и пристап до тоалет, утредента ги однеле на Инфективната клиника да се тестираат за сексуално преносливи болести, па ги пушти на слобода. Полицајците постојано ги навредувале, им се потсмевале и ги понижувале.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот