Македонија приреди две од трите најголеми сензации во европските квалификации за СП

фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Сите се радуваме по повод големата победа на Македонија против Италија во Палермо и сега се наоѓа на еден чекор од пласман на Светското првенство во Катар.

Големото финале е во Порто на 29 март против селекцијата на Португалија која ја елиминираше Турција во втората полуфинална пресметка во баражот.

„Gracenote“, специјализиран портал за фудбалска статистика пресметка Македонија е креатор на две од трите најголеми сензации во историјата на европските квалификации за учество на Мундијалите.

Според методологијата „World Football Ranking“, најголемото изненадување го направи Луксембург во 2008 година со победата од 1:2 против Швајцарија, шансите за победа на гостите биле само 2,8 отсто.

Па, следуваат двете сензации на Македонија со триумфот во Дуизбург над Германија (1:2), шансите биле 7,1%, и синоќа во Палермо против Италија (0:1), а нашите шанси 7,4%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот