Македонија повторно на престижната листа: „Мато Наполетано“ ја има 16. најдобра пица во Европа, а 81. во светот

Пица од „Мато Наполетано“ / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

На 10 септември се одржа изборот на „50 топ пица“ (50TopPizza), водич за најдобрите пицерии во светот за 2024 година. Натпреварот се одржа во светската престолнина на пицата, Неапол, каде во театарот Меркаданте беа крунисани 100-те најдобри пицерии во светот.

Скопскиот ресторан и траторија, „Мато Наполетано“ е единствен натпреварувач од Македонија, кој неколку години по ред се наоѓа на оваа престижна листа, односно во селекцијата за европскиот континент и светот.

На годинашниот избор во Неапол за топ 100 пицерии во светот, „Мато Наполетано“ се закити со титулата 81. најдобра пицерија во светот – што е скок за 18 позиции од изминатата година, кога беа рангирани на 99. место во светот.

Скриншот / 50TopPizza.it
Сосопственицкот на „Мато Наполетано“, Зоран Васиљевиќ, на врачувањето на признанието во Неапол

Кога во мај годинава беа прогласени за 16-та најдобра пицерија во Европа, како и награда за најдобра услуга за служење пиво, тимот на „Мато Наполетано“ соопшти:

2024 година започна одлично, што покрај високата 16-та позиција во конкуренција на европски пицерии, ни ја донесе и наградата Перони за ‘најдобар пиво сервис’ на годината во 2024 година и пласман на најпрестижната од сите листи – светската ’50Топ 100′

Своевремено, во интервју за „Слободен печат“, Зоран  Васиљевиќ, сосопственикот на „Мато Наполетано“ меѓудругото рече:

– Ние сме многу благодарни на тоа што го работиме и што само за една година бевме номинирани и рангирани во елитното друштво на топ 50 пицерии во Европа. Втората година бевме номининари и рангирани во топ сто во светот и сме единствена пицерија во поширокиот регион која го има тоа признание.

Повеќе за приказната на „Мато Наполетано“ дознајте од интервјуата кои ги направивме со сосоптвениците:

 

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ: „Мато Наполетано“ меѓу топ 50 пицерии во Европа и 100 пицерии во светот

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ: „Мато Наполетано“ повторно меѓу топ 50 пицерии во Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот