Фото: EPA-EFE/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP

Македонија му е „пример“ на Вучиќ кога објаснува зошто не треба да има немири во Србија

Откако претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека за 10 дена ќе има апсења во Србија, во говорот што го одржа во Палатата Србија после ноќта со масовни демонстрации против неговиот режим во десетици градови во Србија, тој ја спомна и Македонија, ама како „позитивен пример“.

-Малку е чудно што немаше барање правда кога 16 лица изгореа до смрт во разни пожари во Нови Сад, а ова беше директна вина на локалните лидери. Зошто не слушнавме за тоа кога се случи во Северна Македонија?  Зошто слушнавме за тоа во Србија? Затоа што беше користена како муниција во борбата против независна и слободна држава. Слушнавме за тоа од нашите деца, од нашите ученици… Иако не сме сосема сигурни што точно се случило, правдата мора да се најде за овие 16 жртви рече Вучиќ. Според него, „властите сфатија дека демонстрантите не се за правда откако почнаа да го напаѓаат таткото на една од жртвите“ во Нови Сад.

Според Вучиќ, децата во Србија „учат многу помалку и знаат многу помалку“.

Со една година до мојот последен мандат, не ги разбирам родителите кои го жртвуваат образованието на своите деца заради сопствените желби и барања, рече тој.

Вучиќ: Сите учесници во немирите ќе бидат приведени за десет дена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот