Фото: МИА

Македонија и Црна Гора потпишаа спогодба за признавање на доверливи услуги

Македонија и Црна Гора денеска потпишаа спогодба за заедничко признавање на квалификувани доверливи услуги и на шемите за електронска идентификација.

Спогодбата ја потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и црногорската министерка за јавна администрација Сузана Прибиловиќ.

Потпишувањето на спогодбата значи дека електронските документи издадени од институциите во  Македонија како што се Централниот регистар, Царината, Управата за водење на матични книги и други ќе бидат подеднакво признаени и во Црна Гора. Истото, ќе важи и за документите извадени по електронски пат во Црна Гора.

– На овој начин, за граѓаните од двете земји ќе се намалат административните процедури и времето потребно за издвање на овие документи, истакна Манчевски, додавајќи дека со потпишувањето на спогодбата, двете држави како дел од Берлинскиот процес покажуваат дека сакаат и можат да работат заедно, односно дека се подготвени да ги совладаат бариерите меѓу државите во регионот.

Спогодбата, како што наведува Министерството за информатичко општество и администрација, ќе придонесе кон зголемување на соработката и развојот на економските активности меѓу двете држави и кон забрзување на процесот на дигитална трансформација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот