Македонија е подготвена за Светското училишно првенство во ракомет: Нашата цел е успех и медал
Во Скопје од 21-ви до 29-ти април ќе биде одржано Светското училично првенство во ракомет.
Препорачано
Почетокот на првенството ќе биде означен на плоштадот „Македонија“, а ќе се соберат околу 700 ученици. Според најавата ќе се игра во шест училишни сали, дополнително ќе биде одредено во кои.
„Салите во кои ќе се игра ќе бидат одредени откако ќе помине инспекцијата на техничката комисија. Нашата амбиција е освојување медал“, изјави Елена Мицковска која е претседателка на Федерацијата за училишен спорт.
На денешната прес-конференција присуствуваше и министерот Борко Ристовски.
„Како држава и Министерство во соработка со РФМ и федерацијата за училишен спорт, ќе се заложуваме вакви настани да бидат што поприсутни кај нас, ова е и промоција на државата. Сите дечиња кои се на почетокот на кариерата, ќе имаат можност пред поширок аудиториум да се презентираат и тоа е одлично за нив“, изјави Ристовски.
Исто така пред медиумите зборуваше и шефот на делегацијата на Македонија на првенството, Индира Кастратовиќ.
„За мене ова претставува голема чест, но и одговорност. Скопје во тој период ќе биде град на младоста и спортот. Верувам дека децата од тука ќе си заминат со нови пријателства, а за нас се надевам дека ќе се претставиме во добро светло и ќе освоиме медали“, порача Кастратовиќ.


