Македонија без учесници во ФИБА Лигата на шампионите

фото: druga.aba-liga.com

Вкупно 44. клуба од Европа ќе се борат за трофејот во најквалитетното натпреварување во организација на Светската кошаркарска федерација.

Раководството на ФИБА Лигата на Шампионите ја објави конечната листа на учесници за наредното издание на ова натпреварување.

Од таму се уверени дека петтото издание на Лигата на Шампионите ќе биде и најквалитетното досега. Со учество на вкупни 14. национални шампиони од 35 различни земји од Европскиот континент.

Работнички во АБА2 лигата, МЗТ чека на Приморска

Шампионот во ова натпреварување ќе добие парична награда од еден милион евра.

ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ

Учесници во регуларен дел од сезоната

АЕК, Перистери (Грција), Бросе Бамберг (Германија), Сарагоса, Тенерифе, Билбао, Сан Пабло Бургос, (Шпанија), Шоле, Дижон, Лимож, Стразбур (Франција), Дарушафака, Галатасарај, Пинар Каршијака, Тофас, Турк Телеком (Турција), Динамо Сасари, Фортитудо Болоња, Бриндизи (Италија), Нимбурк (Чешка), Фалко Вулкано (Унгарија), Остенде (Белгија), Хапоел Ерусалим, Хапоел Холон (Израел), Нижњи Новгород (Русија), Ритас Вилнус (Литванија), Старт Лублин (Полска), ВЕФ Рига (Летонија)

Учесници во квалификациските рунди

Анвил Влоцлавек (Полска), Бакен Беарс (Данска), Балкан Ботевград (Бугарија), Монс (Белгија), Дњипро (Украина), Донар Гронинген (Холандија), Фрибург Олимпик (Швајцарија), Хапоел Тел Авив (Израел), Игокеа (БиХ), Ираклис (Грција), Керавнос (Кипар), Лондон Лајонс (В.Британија), Нептунас Клаипеда (Литванија), Спортинг (Португалија), Цмоки-Минск (Белорусија), Клуж Напока (Романија)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот