Македонец во Италија се изживувал врз синот, со шипка му ги скршил раката и ногата – Слободен печат
ВестиМакедонијаНекатегоризирано

Македонец во Италија се изживувал врз синот, со шипка му ги скршил раката и ногата

Како што информираат италијанските медиуми, 13-годишниот син на македонскиот државјанин трпел физичко и психичко насилство во домот.

Триесет и едногодишен македонски државјанин и неговата сестра (27) се под истрага во Италија за малтретирање на малолетно дете. Како што информираат италијанските медиуми, 13-годишниот син на македонскиот државјанин трпел физичко и психичко насилство во домот. Таткото постојано вршел физичко насилство, најчесто тепајќи го со каиш, а кулминацијата се случила во јануари годинава, кога насилникот со метална шипка го претепал синот, при што му ја скршил десната подлактица и чашката од коленото на левата нога.

Малолетникот бил запоставуван, не му обезбедувале лична нега и хигиена, намерно избегнувајќи да му обезбедаат здравствената заштита на детето, кое иако страдало од епилепсија не му ги давале потребните лекови.

Таткото и тетката често не му давале храна или го терале постојано да клечи. Го оставале дома сам и не му давале да се дружи со други деца. Кога имал траги од тепањето не му давале да оди во училиште.

Случајот во полицијата го пријавиле волонтерите во социјалните служби кои забележале дека детето, кое боледува од епилепсија е жртва на физичко и психичко насилство.Набргу инспектори го испитале случајот и по наредба на обвинитлството на насилниците им бил забранет пристап до малолетникот.

Поради заштита на детето, од полицијата не даваат повеќе податоци за осомничените, освен дека 13-годишникот живеел со својот татко и тетка си во стан во Фоџа. Додека трае истрагата судот на насилниците им одредил забрана за пристап додетето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close