„Макавеј“ ја објави новата книга од Епископот стобиски Давид (Нинов)

Издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје ја објави новата книга од Епископот стобиски Давид (Нинов) со наслов: „Надвор од границите (размислувања за личноста и системот)“.

Во книгата, Епископот стобиски Давид првин се осврнува на онтологијата на човековиот ум и неговата функција, а потем, во еден од носечките текстови „Личноста и системот“, ја опишува самобендисаноста на системот, кој го губи чувството за стварноста и потонува во хаос, па од таа позиција се труди да ја уништи слободната личност, да ја уништи различноста, да исчезне „ти“ и да остане само „јас“! Се разбира, автентичната личност секогаш наоѓа начин да го победи стерилниот систем.

Во книгата, исто така, застапена е и низа од други теми со кои човекот на нашето време неизбежно се соочува честопати еднострано, повлечен од инерцијата на неавтентичниот традиционализам.

Важно е, меѓутоа, да се предочи дека двојката поими што ги поврзува сите наслови, сепак се личноста и системот, без притоа да биде затворен просторот за дијалог во однос на овие клучни поими за човекот на нашето време, посочуваат од „Макавеј“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 123, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 2-3 април 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот