Мајсторски чин на украинските хакери, Русите наместо дронови добија секс играчки

Фото: ЕПА

Украински активисти објавија дека го хакирале профилот за онлајн шопинг на руски волонтер кој купувал дронови за московските сили и ги пренасочил парите на еротски играчки.

Групата „Сајбер Спротив“ објави дека хакерска цел бил профилот на „АлиЕкспрес“ на Михаило Лучин, пријател на прорускиот воен блогер Владлен Татарски, кој беше убиен во експлозија во кафуле во Санкт Петербург во неделата.

Лучин собирал пари за да купи беспилотни летала што ќе ги користат руските војници во Украина, пренесува „Телеграф“.

„Тој е воен злосторник, доброволец, блогер, а сега и сопственик на дилдо“, се вели во соопштението на хакерите, објавувајќи слика од себе користејќи го профилот на Лучин „АлиЕкспрес“.

Украинците тврдат дека купиле секс играчки во вредност од 25.000 долари преку сметката на Лучин.

Тие додадоа дека Лучин сега поседува „уникатна“ колекција вредна 25.000 долари, пари што „планирал да ги потроши на дронови за руската војска“.

„Сега наместо беспилотни летала ќе треба да испратат камиони полни со вибратори и други работи многу вредни за рускиот народ“, се вели во соопштението.

Лучин потврди дека неговата е-пошта и „АлиЕкспрес“ профилот биле хакирани од страна на Украинците, но тврди дека можел да врати поголем дел од потрошените пари, освен 17.000 рубљи (195 евра) за секс играчки кои веќе биле испорачани.

Како одговор, групата „Сајбер Спротив“ подоцна твитна дека Лучин лаже за враќањето на парите. Подоцна, Лучин напиша уште една објава на „Телеграм“ во која рече дека ќе отвори продавница за секс играчки во Русија и ќе купи уште повеќе дронови од првично планираното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот