Маја Дамевска од Прилеп конечно ќе ја добие биолошката терапија!
Откако „Слободен печат“ објави дека Маја Дамевска од Прилеп, единствената жена од Македонија која има дијагноза пемфигус вегетанс, а за која не добива конзилијарно мислење да се лекува во странство, случајот добива институционално внимание и разрешница. Болеста предизвикува гноење на буквално сите делови од телото, сериозно оштетување на ноктите и неподносливи болки.
Препорачано
Дамевска, инаку медицински работник, ја раскажа својата голгота и неможноста да продолжи со своето лекување поради тоа што не ѝ била обезбедена биолошка терапија, Клиниката за дерматологија денеска ја информирала дека ќе го добие лекот и да се подготви за хоспитализација која најверојатно ќе се случи утре.
Станува збор за скапа терапија која што не е на позитивната листа на лекови, но била обезбедена за единствениот случај со ваква дијагноза во Македонија.
Како што посочи, Дамевска претходно била лекувана со кортикостероиди, лекарства за кои што тврди дека се несоодветни за нејзината состојба.
Маја Дамевска од Прилеп: Гнојам од глава до петици и не ми даваат да се лекувам во странство!


