МАГИЧНО ОВОШЈЕ: Со ананас спречете ја појавата на рак и остеопороза

ананас

Сокот од ананас содржи големо количество витамини и минерали, какви што се витаминот Б6, магнезиумот, калиумот… Со јадење само 100 грама ананас дневно, ќе си ги задоволите дневните потреби за манган во организмот, а истовремено ќе се снабдите и со потребното количество калциум и фосфор.

Исто така, ананасот е и исклучително добар извор на витамин Ц, бета-каротен како и растителни влакна. Истражувањето околу бенефитите што ќе ги добие вашиот организам со јадење на оваа здрава намирница, покажало дека секојдневното јадење ананас, може да ви помогне околу намалувањето на можноста за појава на одредени исклучително опасни и животозагрозувачки болести.

Превенција против појава на рак

Благодарение на високото количество витамин Ц што го содржи ананасот, како и на бета-каротенот, ова овошје има одлични антиоксидантни својства. Покрај тоа, ананасот помага и во намалувањето на нивото на слободни радикали во организмот, кои можат да придонесат кон големи оштетувања на внатрешните ќелии и ДНК-та.

Го зајакнува имунитетот

Витаминот Ц, исто така, многу помага во зајакнувањето на имунитетот и помага во заштитата од појава на бактерии и вируси. Ананасот исто така е одличен и во борбата против стомачни вируси и инфекции, грип и настинка.

Спречува згрутчување на крвта

Меѓу другото, ананасот ја намалува можноста и од појава на згрутчување на крвта. Луѓето што имаат зголемен ризик од згрутчување на крвта, препорачливо е секојдневно да јадат барем по едно парче ананас или да пијат по најмалку 100 мл сок од ананас, но се разбира со претходна консултација со лекар.

Го намалува ризикот од остеопороза

Благодарение на високото ниво на манган што го има во ананасот, тој значително може да го намали ризикот од појава на остеопороза, која е особено застапена кај повозрасната популација. Со само една испиена чаша сок од ананас за 24 часа, вие внесувате дури 73 отсто од дневно препорачаната доза на манган во организмот.

Ги намалува проблемите со варењето на храната

Ананасот е исклучително важно да го јадат и сите оние што имаат проблем со дигестивните органи. Поради присуството на бромелаин, ензим што помага при варењето на храната, односно ја намалува подуеноста, ананасот е совршен за оние што страдаат од болки во желудникот. Бромелаинот го има исклучиво само во свежиот ананас и добро е да се јаде на крајот од оброкот. Бромелаинот се користи и како лек за намалување на воспаленијата по операција, како и за лекување проблеми со носот и синусите.

Видео на денот