Магичниот ритуал за крајот на годината кој морате да го направите!

Обезбедете 30 минути во кои нема да ви пречи никој и ништо, па потоа одберете простор во кој се чувствувате посебно добро. Можете да запалите некоја миризлива свеќа или лампа со убави детали која ќе го оплемени местото каде што се наоѓате, се со цел на вас да ви биде поубаво. Ова е вашето време за самите себе во кое ќе тежнеете да се поврзете со подлабоките нивоа на вашето битие, каде ќе ги слушнете пораките кои ќе ви ги шепне вашата интуиција во облик на мисли, слика или сеќавање.

Поставете столица пред вас и замислете дека на неа седи лик коj ја претставува годината што изминува. Немојте премногу да размислувате, едноставно прифатете го она што ви се појавува как ослика, а можеби и мисла, стих или мелодија. Можеби оваа година има облик на прекрасна вила или принцеза, можеби на згрбавена старица, можеби е облак со боја, драматичен ритам на тапани или тажна песна на виолина…

Вратете ги мислите наназад, на почетокот од годината и освестете го она што во неа за вас беше посебно важно. Кога оваа година би била поглавје во важата книга на животот, како би бил насловот? Кои теми се појавувале во вашиот живот? Како сте се носеле со нив, дали имало нешто добро скриено во тешките моменти? Што ви било највредно во изминатата година, што секако саката да го земете со себе, а што сакате да го оставите позади вас?

Кажете ѝ на оваа година зошто сте благодарни, а што би сакале да биде поинакво. Напишете на лист хартија се она што сакате да го оставите позади себе – тоа би можеле да бидат различни проблеми и оптеретувања, реакции кои не ги саката кај себе, емоционални повреди… Додека пишувате, можете да замислите како со издишувањето истовремено ја испуштате непосакуваната енергија, како малите облачиња кои одат кај пламенот од свеќата, а потоа можете и да го запалите листот и визуелизирате како со тоа се ослободувате од старото и правите простор за ново искуство. Заблагодарете се на оваа година и видете како таа се издигнува и исчезнува во далечина.

На нејзино место сега доаѓа новата година. Дозволете си на себе да го видите ликот кој ќе се појави, а исто така можете и да го обликувате според желбите и да го менувате, се додека не се јави чувство на радосни исчекувања. Напишете писмо за идната верзија од вас, вие на крајот на наредната година, запишувајќи ги своите желби, сонови, без цензура, а потоа ставете го во фасцикла или омот, залепете го и ставете го на сигурно место каде ќе ве дочека во последните денови од новата година.

Уште еднаш, со насмевка, мафнете си на идите вие и видете како ви враќа со поздрав и насмевка и ви порачува дека позади неа е една посебна, добра година, но што точно се случувало нема да ви открие, за да не ви ја расипе радоста на откривањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот