Ма каква корона, дојдете ни на матурска журка дома!

Guests dance at a wedding party in the home of a relative of the groom in western Tehran, May 28, 2020. Iranians living in the city of Tehran moved slowly from a life in the home quarantine to their normal social life as they believe that the new coronavirus (COVID-19) to be weakening in the summer and won't be no longer as dangerous as it was during three months ago. Tehran, IRAN-5/28/2020. MORTEZA NIKOUBAZL/SIPA//NIKOUBAZL_0304.1355/2006011141/Credit:MORTEZA NIKOUBAZL/SIPA/2006011149,Image: 524734870, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no

Матурските прослави, свадбите, веридбите и родендените им удрија во глава на славениците. Се пее и се лумпува, се прават класични богати трпези, ордевери и тоа со различни поводи, музика трешти, се играат ора, се танцува во весел амбиент, како коронавирусот да е на некоја друга планета. Без разлика на тоа што кафулињата и рестораните имаат забрана за организација на големи собири, свадби, крштевки, родендени и матурски забави, тоа не ги спречува граѓаните да си го најдат излезот во своите четири ѕида, каде ги канат гостите и без почитување на протоколите кои вообичаено би важеле во угостителските објекти, слават.

– Штотуку не поканија на матура кај наши пријатели, дома. Категорично рековме дека во ситуацијата не би дошле. Ни се изнасмеаја, рекоа, каква корона, нема од што да се плашите. Велат, ние на вас на сите матури сме ви доаѓале. Нека се лутат, блиски роднини се, ама лудост е во ситуацијава да одам на матура за некој да си ги собере парите што претходно ги давал. Не се само ифтарските вечери и ова го имало – тврди скопјанка која била поканета на прослава која ќе се одржи во блиска иднина во приватна куќа.

Дека граѓаните не се кријат ниту се заштитуваат од коронавирусот на приватните настани, покажуваат и нивните фотографии од преполни маси, разиграни и распеани забави, кои ги емитуваат во живо на Фејсбук. Така во саботата, од едно штипско маало, беше емитувана веридба со околу 50 гости, со атмосфера иста како и пред да удри пандемијата со коронавирусот. Маска немаше ни за лек, славениците се прегрнуваа, бакнуваа рака на повозрасните, играа оро, седеа на маса еден до друг, а дека прославата се подготвувала подолго време потврди и долгото мени, на маса долга десетина метри. Од видеото се гледа дека присутни биле и бебиња, мали деца, возрасни, среќниот брачен пар и жива музика.

Секако, овој случај не е изолиран. Граѓаните периодов на социјалните мрежи се изнагледаа во живо пренесувани родендени, слави, собири во дневни соби.

Од друга страна пак, во кафулињата и кафеаните ситуацијата не е на завидно ниво. Угостителите се жалат на слабата посетеност и на неколкукратните инспекции во само 24 часа.

Здравко Јосифовски од Независната угостителска комора тврди дека состојбата со угостителските објекти е катастрофална, откако повторно отворија.

– Денеска одиме на терен во Охрид, Битола, Кавадарци, Неготино, да видиме каква е ситуацијата на терен и катастрофа е. Има гости, но проблем е притисокот што го прават институциите и немоќта да ги толкуваат одредбите и неможноста на гостите да уживаат во тоа што треба да го понуди еден угостителски објект – ни рече Јосифовски.

Здравствените власти апелираа дека ризикот од ширење на коронавирусот во услови на непочитување на дистанцата, неносењето на маски и масовното групирање е енормен, но тоа за некои граѓани, од едно уво влегло, од другото излегло. Излетничките места се преполни за викендите, се печат скари, се пушта музика од автомобили и на ливадите се распослани луѓе од сите возрасти. За домашните собири нема кој да реагира, ниту да санкционира. Министерот за здравство Венко Филипче апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките и оцени дека ризикот од ширење на коронавирусот во услови на масовни групирања е голем.

За претстојниот викенд, кога е празникот Духовден и кога традицијата налага посета на гробиштата, Комисијата за заразни болести ќе заседава неделава за да одлучи дали ќе се воведат некакви рестриктивни мерки.

– Го имаме предвид празникот Задушница и така ќе се носат одредени одлуки ако се одлучи дека треба. Со оглед на тоа дека кај нас се почитуваа само најстрогите рестриктивни мерки а сите меки мерки, очигледно се прекршуваат. Тоа се гледа од тоа што сега се дијаностицирани пациентите. За Задушница ќе се носи одлука деновиве, го имаме празникот предвид. Ќе ги анализираме бројките, ќе го процениме ризикот за собири. Ќе процениме дали луѓето ќе се придржуваат до мерките, согласно сето ова што се случува. Денешните информации се дека во Штип се повеќе луѓе се движат со маски по улиците. Така што за ова ќе информираме при крајот на неделата – одговори Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот