Луна паркот се ребрендира во забавен парк- готов ќе биде за една и пол година

Луна паркот ќе добие ново име и концепт, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Во изјава за Слободен печат потврди дека постапката за јавни набавки ќе биде распишпана во првите десет дена од декември, а очекувањата според него се дека до пролетта 2021 година Скопје ќе добие забавен парк, каков што нема во радиус од 300 километри.

– Нема да градиме Луна парк, туку Забавен парк, ги разликуваме концептите. Студијата за забавниот парк беше промовирана некаде кон средината на годинава, а вчерашните одлуки на советот беа всушност за отпочнувањето на постапката за јавни набавки. Јас очекувам дека постапката ќе ја распишеме во првите десет дена од декември. Имајќи во предвид дека студијата ја добивме од најреномираните европски куќи за забавни паркови, по успешна спроведена постапка може да каже дека пролетта 2021 прва ќе имаме забавен парк, најави Шилегов.

Цената на билетите се уште не е конечна, но познато е дека ќе има целодневни билети без можност за користење на реквизити, билети за влез и можност за користење на реквизитите, семејни билети и билети за групни посети.

– Забавниот парк ќе има сосема поинаков концепт од тој кој до сега сме го имале. Во Дизниленд на пример, не одат за да се возат на колички или на панорамско тркало туку зашто во паркот има малку поинаква приказна. Концептот на Луна парк е сериозно надминат, да не кажам дека е панаѓурски, тоа можевте пред извесно време да го видите кај Александар Палас. Забавниот парк во Скопје ќе биде туристичка атракција, такво нешто ќе нема во радиус од 300 километри, ќе биде атрактивно за странски туристи, не само од нашата држава. Ќе даде и придонес во развојот на локалната економија. Тоа ќе биде место каде што посетителите ќе можат да го поминат целиот ден, забавувајќи се, рече Шилегов.

Новиот Луна парк ќе се протега на површина од 82.000 квадратни метри, на местото на постојниот. Освен реквизити за возење, во паркот ќе има и објекти за служење храна и пијалаци, за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг…Во него ќе бидат вклопени досегашните набавени реквизити, нема да биде оштетено ниту едно дрво, а на скопјани ќе им понудиме нешто што можеле да го видат само на телевизија.

Според Шилегов, за забавниот парк ќе бидат потрошени 11 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот